Милошоски: Во личната карта да стои етничката припадност, но не и „Северна“

За ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи измените на Законот за лични карти според кои во документот ќе биде впишана и етничката припадност, но не е прифатливо во нив да стои придавката од новото име на државата – „Северна“, изјави пратеникот на опозицијата – Антонио Милошоски.

И тој, како и неодамна лидерот на партијата Христијан Мицкоски, тврди дека зад филибастерингот во Собранието (застојот во процедурата поради големиот број амандмани што ги поднесе Левица) стои премиерот Зоран Заев, затоа што не може или не сака да ги исполни ветувањата кон своите коалициони партнери.

Како што истакна Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ сака етничката припадност да е наведена во личната карта, во име на, како што рече, зачувување на националното достоинство.

Но најголемата опозициска партија исто така бара во личните карти да не стои и придавката „Северна“, затоа што, како што образложи Милошоски, сѐ уште има рок според Договорот од Преспа:

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

„Ние исто така бараме во новата лична карта да не стои новата придавка на државата, зашто за истата има рок од 5 години со договорот Димитров, Заев и Ципрас, а тие 5 години не се поминати и не треба тоа да се реализира. Во моментот немаме ниту почнато преговори со ЕУ и затоа сметаме дека не мора да исполнуваме сѐ и сешто“, рече Милошоски.

Извор: А1он.мк

- Реклама -