MINI работи на производствена верзија на концептот Superleggera. Според информациите моделот ќе користи платформа UKL со преден погон и ќе се движи од познатите 3 и 4-цилиндерски бензински и дизел агрегати на брендот.
Предвиден е и хибрид, кој ќе се движи од системот на Серија 2 Active Tourer. Тој работи во комбинација на 1,5-литарски TwinPower Turbo агрегат со 136 КЅ и 220 Nm во комбинација со електромотор со 88 КЅ и 165 Nm. Конвенционалниот мотор ќе ја управува предната оска, а електромоторите ќе одговараат за задната.
Ако се оди според планот, ќе видиме првото сериско MINI Superleggera во 2019 година, како главен конкурент на Mazda MX-5.