Минијатурна камера со HD резолуција

Повеќе...

Се’ повеќе производители претставуваат разни минијатурни дигитални камери кои имаат можност да снимаат со HD резолуција. Беше само прашање на време кога на овој тренд ќе и се приклучи и Pure Digital Technologies, фирма која стои зад минијатурните камкордери Flip Video.

mini_kamera.jpg

Својот прв производ во категоријата минијатурни дигитални камери, фирмата Pure Digital Technologies го претстави уште во 2006 година, а врвот на таквата серија го достигна токму со моделот Flip Mino HD. Сосема очекувано, фирмата овој свој производ го рекламира како "најмала HD камера на светот", но дефинитивно ваквото тврдење не можеме да го земеме како многу веродостојно. Што се однесува на карактеристиките тежи околу 93 грама, екранот е 1,5 инчен, има 2х дигитален зум, 4GB меморија, што би тербало да биде доволно за чување на видео записи од 1.280×720 пиксели во времетраење од еден час, а за негова набавка потребно е да издвоите 229 долари. Повеќе информации на www.theflip.com/store.

- Реклама -