Минималната синдикална кошница за февруари е повисока за 521 денари?

Минималната синдикална кошница за февруари е повисока за 521 дена?

Минималната синдикална кошница за февруари е проценета на 63.773 денари,што е за 521 денар повеќе во однос на јануари,кога изнесуваше 63.252 денари. Доколку четиричлено семејство живее во изнајмен стан со површина од 60 квадратни метри, нивните трошоци пораснуваат на 79.148 денари, информира Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметките на ССМ, едно просечно семејство месечно треба да издвојува 23.427 денари за основни прехранбени производи и пијалаци, додека за облека и обувки се неопходни 5.800 денари. За покривање на трошоците поврзани со станарина, вода, електрична енергија и греење потребни се 6.096 денари. За лична хигиена и одржување на домот се издвојуваат 2.195 денари, додека за здравствени услуги просечно се потребни 1.135 денари.Покрај тоа, за транспорт се трошат 4.844 денари.

Прочитајте и:  Политико: Србија се соочува со опасност од загуба од 1,5 милијарди евра од Европската Унија поради спорни судски реформи

Дополнителни средства се потребни и за комуникации, за што се издвојуваат 3.417 денари, а за рекреација и култура 4.592 денари. Трошоците за образование изнесуваат 7.036 денари, додека за посети на ресторани и хотели треба да се одвојат 4.131 денар месечно. За останати стоки и услуги потребни се дополнителни 1.100 денари.

Во случај семејството да живее под кирија, дополнително им се потребни уште 21.471 денар за покривање на трошоците за изнајмување на стан.

Во меѓувреме, Владата работи на воведување на нова, пореална потрошувачка кошница, но засега нема конкретен датум кога таа ќе биде официјализирана.Ваквата иницијатива произлезе откако на седница на Економско-социјалниот совет беше поставено прашањето за точноста на методологијата според која се пресметуваат овие трошоци.