Екипите на Вардар и Силекс остварија минимални победи во натпреварите од 27. коло. Вардар, во дуелот против градскиот ривал Работнички, триумфираше со 1:0 благодарение на голот на Стефан Цветковиќ постигнат во 23. минута. Со оваа победа, Вардар собра нови три бода, има вкупно 65 и се наоѓа на врвот на табелата.
Во Кратово, Силекс победи со 1:0 против Башкими, а победничкиот гол дојде од пенал во 69. минута, реализиран од Дарко Додев. Ова беше трета последователна победа за Силекс, кој со 49 бода е на четвртото место во генералниот пласман.
Следната недела, во понеделник, ќе се одиграат натпреварите Шкендија – Шкупи и Струга – Тиквеш, додека во вторник на програмата се натпреварите: Арсими – Пелистер и Брера АП – Македонија ЃП.




