Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, пожелувајќи им успешен настап во предстоечките квалификации за Светскиот куп 2027.
Македонската кошаркарска репрезентација активно се подготвува во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски Бањи за втората фаза од квалификациите, кои се закажани за август.
На покана на претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Тони Главчев, министерот Ристовски присуствуваше на попладневниот тренинг на машката сениорска репрезентација, изразувајќи им желби за успех во квалификациите.
Во текот на неговата посета, министерот имаше можност да се запознае со условите што спортскиот комплекс „НБ Ноел“ им ги нуди на македонските репрезентативци за време на нивните подготовки.




