Министерство за здравство: Направена е грешка, починатиот од Струга имал 72, а не 22 години

Починатиот пациент од Ковид-19 од Струга немал 22, туку 72 години, се поправија од Министерството за здравство, откако таква информација се најде во денешниот дневен извештај што се објавува врз основа на податоците на Институтот за јавно здравје.

Од Министерството велат дека станува збор за ненамерна грешка.

Според извештајот, во изминатите 24 часа во државата се регистрирани 41 починати од ковид-19. Ова е вторпат дневниот биланс на жртви да достигне ваков број, изедначувајќи го трагичниот рекорд од 28 ноември. По исправката, најмладиот меѓу починатите во последното деноноќие е 34-годишен пациент/ка.

- Реклама -