Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во боите на НАТО по повод 75-годишнината на Алијансата

Зградата на МНР вчера и денеска е осветлена во сино по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на Алијансата, како и одржувањето на НАТО Самитот во Вашингтон, соопшти денеска МНР.

Република Северна Македонија, додаваат оттаму, е кредибилен НАТО сојузник со активен придонес во зајакнувањето на колективната безбедност и зачувувањето на трансатлантската стабилност.

-Заедно со нашите сојузници во Алијансата стоиме обединети во определбата за одбрана на споделените демократски вредности и заложбите за траен мир и просперитет, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО
- Реклама -