Министерството за здравство во Газа: 15.899 Палестинци убиени досега од Израел

Министерството за здравство во Појасот Газа, соопшти дека од почетокот на конфликтот со Израел на 7 октомври, гранатирањето на израелските сили ги однело животите на 15.899 Палестинци.

Министерството прецизира дека речиси 70 отсто од загинатите Палестинци се жени и деца (на возраст под 18 години). Податоците не се независно потврдени.

Информациите од властите во енклавата укажуваат дека ранетите од израелските бомбардирања се околу 42 илјади.

Израел започна воена кампања со масовни воздушни напади врз Појасот Газа откако исламистичкото палестинско движење Хамас изврши ненадеен напад на израелска територија на 7 октомври, при што загинаа околу 1.200 Израелци, од кои повеќето цивили.

Прочитајте и:  Хезболах: Остануваме активни во Либан за да им помогнеме на граѓаните
- Реклама -