Министрите на ЕУ формално ги потврдија промените во Поглавјето 35 во преговорите со Србија

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европска Унија ги усвоија измените на поглавјето 35 во пристапните преговори со Србија.

Измените се однесуваат на обврските на таа држава кои произлегуваат од договорите со Косово постигнати минатата година во Брисел и во Охрид.

Откако Советот на министри на ЕУ го одобри, сега и официјално е изменето и дополнето поглавјето 35 во пристапните преговори со Србија.

Брисел писмено ќе ја извести Србија за промените.

Поглавјето 35 од пристапните преговори меѓу Брисел и Белград се однесува на нормализација на односите со Косово.

Во договорениот текст во поглавјето 35, се наведува дека унапредувањето на преговорите за пристапување на Србија во ЕУ ќе се раководи од напредокот на земјата во подготовките за пристапување.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Ова, како што се наведува, „ќе се мери особено во однос на континуираниот ангажман на Србија за видливо и одржливо подобрување на односите со Косово, како и другите барања содржани во точка 23 од рамката за преговори“. 

- Реклама -