Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ утре изутрина во Луксембург

Европската Комисија ја објави и првичната агенда за состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ кој почнува утре изутрина во Луксембург.

Во вторник на 15 октомври, министрите на земјите членки на Европската Унија ќе се сретнат, а два дена подоцна на заедничка маса ќе седнат и шефовите на држави на земјите од Унијата. Од овие два состаноци, но пред се од одлуката на официјален Париз ќе зависи дали Македонија, овој месец ќе добие датум за старт на преговорите.

Состанокот треба да започне во 11 часот и да заврши со заклучоци кои ќе им бидат предложени на лидерите. Доколку не се постигне консензус, одлуката ќе биде оставена за самитот закажан за в четврток и петок.

Повеќе на Канал 5.

 

 

- Реклама -