Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите

Кога разговараме со партиите за коалиција најважна беше програмата дали ќе се најдеме околу истата. Утре ќе биде потпишување на коалицијата, рече Влади Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување во Тема на денот што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.

Мисајловски посочи дека се разговара со најквалитетните луѓе и оти тие се предложат за соодветни места.

„Ние не зборуваме само кој ќе има министер, туку дали ќе се има капацитет да ги спроведе проектите. Нас најважна ни е работата, реализација на проектите“, кажа Мисајловски.

Потпретседателот се осврна и на прашањето за балансерот.

„Сите кои велат дека се за ЕУ, а се за балансерот тие сами се негираат. Причината поради која бараме укинување на балансерот е да се стават соодветни лица на соодветни места.   Треба да се вработуваат само најквалитетните“, изјави Мисајловски.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

Говорејќи за ЕУ, Мисајловски посочи дека последната опција за евроинтеграцијата значеше ќорсокак за Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифатни ниту еден ултиматум, ни од внатре, ни од надвор. Ние сакаме да ги смениме работите на подобро“, кажа Мисајловски.

Мисајловски посочи дека програмата за претстојните избори на ВМРО-ДПМНЕ е реална.

„За пензионерите ќе има 5.000 денари зголемување на пензиите, бидејќи едвај преживуваат. Потоа власта фрли околу 300 милиони евра наводно за автопати, а автопатите ги нема. Сите непродуктивни трошоци ќе пробаме да ги скратиме и да ги пренасочиме онаму каде што требаат“, рече Мисајловски.

- Реклама -