Мисајловски до СДСМ: Не сте на прав пат, вас ви е утната трасата

 

„ПУ ПУ НЕ ВАЖИ!!! Сѐ што говоревте испадна дека е лага…… Не сте вие на прав пат туку вас ви е утната трасата…“, им порача преку Фејсбук на СДСМ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски – Владо Мисајловски.

Неговата реакција се однесува на синоќешното гостување во „Телевизија 24“ на Благој Бочварски – претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, во кое тој практично ги демантираше обвинувањата кон претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, дека ја промашила трасата за патот Кичево-Охрид:

„Од друга страна за Кичево – Охрид, да, се согласувам дека не била промашена трасата. Можеби тоа е терминологија која што се употребуваше, и не од СДСМ, туку и од граѓаните и од медиумите. Можеби била преземена од некои од СДСМ…“, рече Бочварски.

Во тие некои, меѓутоа, без оглед дали на него алудираше Бочварски, е и премиерот Заев. Тој во повеќе наврати зборуваше за промашената траса, посочувајќи ја како пречка во изградбата.

„Не може бaндитcките работи на автопатите кpиминaлнo да ги продолжиме заради тоа што мора да знаат граѓаните дека цела траса е промашена на патот Охрид – Кичево, проектот и она што е вистинската траса. Не може да не знаат граѓаните дека тоа што претставува нерешени имотно – правни односи заради провизијата, брзајќи да се реализира, нанесува огромни штети врз Република Македонија и врз буџетот на граѓаните на Република Македонија“, изјави премиерот, на пример, уште во јуни 2017-та.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Оваа изјава на Бочварски дополнително ги засили критиките од страна на опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија Заев дека е „најголемиот измaмник во Македонија“, а Владата ја посочија како „генератор на лaжни вести“.

„Зоран Заев свесно лaжeшe дека трасата за автопатот Кичево – Охрид била промашена само за да го oцpни проектот на ВМРО ДПМНЕ, за да ја оправда сопствената нecпocобност и да укpaде пари. Вчера неговиот послушник Бочварски призна дека лaжeлe и дека трасата не е промашена, а Заев за три години власт не успеа да го доврши проектот, но склучи дополнителни анекси на договорот тешки стотици милиони евра.

Заев ги излaжa граѓаните пред предвремените парламентарни избори во 2016 година. Заев ги лaжe граѓаните и сега. Разликата е што во 2016 граѓаните му поверуваа, а сега никој не му верува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -