Мишел Фајфер повторно го истакна нејзиниот младешки изглед и одржувано тело на премиерата на новата акциона комедија „The Family“ во Франција.
55-годишната актерка позираше покрај 27-годишната Диана Агрон, која глуми нејзина ќерка во филмот. Но, гледајќи ја на црвениот килим во црниот фустан ќе се запрашате: Зарем оваа жена глуми мајка?
Мишел изгледаше прекрасно во малиот црн фустан и црни сандали и воопшто не наликуваше на просечна жена од 55 години.