Откако во 2009 година се појави на насловната страна на американското издание на магазинот Vogue во прилично досадно издание, Мишел Обама оваа година го поправи впечатокот и тоа во изданието за април.
Првата дама на САД е стилска икона и во модниот свет тоа добро го знаат. Дури и надвор од модните кругови Обама е позната како една од оние кои ги наметнуваат трендовите, создаваат дизајнерски ѕвезди и ги рушат сите бариери.
Со оглед на тоа не зачудува тоа што Мишел Обама доби втор повик за насловна на Vogue која, како што тврдат упатените, треба да биде целосна промена со оглед на првата.
Насловната за април е дело на легендарната модна фотографка Ани Леибовиц, а првата дама на САД се појавува во креација со потпис на брендот Reed Krakoff и изгледа сензационално. Шишките сигурно придонесоа за тоа.