Mисла на денот: Човек пред себе

„Среќата се постигнува кога човекот е човек пред себе. Затоа треба:
Да си дозволиш да одлучиш каде, како, каков и кој ќе бидеш, наместо да мислиш дека треба да чекаш друг да утврди каде, како или каков би требало да си.

Да си дозволиш да го чувствуваш она што го чувствуваш, наместо да го чувствуваш она што другите би го чувствувале на твое место.

Да си дозволиш да го мислиш она што го мислиш, но исто така и да си дадеш право да го кажеш ако посакаш, или да го премолчиш ако така ти е полесно.

Да си дозволиш да ги превземеш ризиците за кои само ти одлучуваш, со единствен услов дека се согласуваш лично да ја платиш цената на овие ризици.

Да си дозволиш да го бараш активно и упорно она што мислиш дека ти е потребно, наместо да чекаш некој друг да ти даде дозвола да го добиеш. ”

Мисла на денот

Алекс Ровиера

- Реклама -