Мисли од легендарниот Иво Андриќ

Иво Андриќ е единствениот добитник на Нобелова награда за книжевност на овие наши балкански простори за кои пишувал многу. Тој е роден на 9. октомври 1892 година. Својата книжевна работа ја започнал со лирика и песни во проза, а подона централно место во неговата книжевност се прочуените романи „Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“ и „Госпоѓица“.

Иако секогаш први ни паѓаат на памет неговите приказни за животот во Босна, Андриќ пишувал и одлични дела со љубовна тематика, а  могу негови мисли денес со задоволство ги споменуваме. Уживајте во дел од нив:

– Такви сме ние луѓето, еднаш го мериме и мериме зборот кој го упатуваме кон луѓето околу нас, а потоа повторно кога истиот тој збор не удира по лице.

– Најголемата будала не е онаа која не умее да чита, туку оној кој мисли дека се што прочитал е вистина.

– Оној кој многу им верува на луѓето поминува лошо, оној кој не им верува ништо, уште полошо.

– Штом една Влада почувствува потреба на своите граѓани да им ветува  по пат на плакати, мир и благосостојба, треба да бидеме внимателни и да го очекуваме спротивното.

ivo_andrik

– Времето на љубовниците е секогаш кратко, а ниту една стаза не им е доволно долга.

– Болестите се судбина на сиромашните и казна на богатите.

– Најдобро ќе запознаете некого, доколку  го набљудувате како се однесува кога се дели нешто бесплатно.

– Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а курвата ќе се обогати.

– Убавата душа подлабоко плаче.

– Ништо не ги зближува луѓето повеќе, од среќно преживеана несреќа.

– Во земјата на омразата најмногу е омразен оној кој не знае да мрази.

Парите кои ги добил од Нобеловата награда во 1961 година, во потполност ги подарил за развој на библиотекарството во Босна и херцеговина.

Андриќ починал на 13. март.1975 година во Белград.

 

- Реклама -