Митовски по изјавата од општинската СДСМ: Ова е мојот дом, ќе ја бранам Крива Паланка.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, со силна и емотивна порака реагираше на повикот од СДСМ за распишувањето на референдум во врска со потенцијалното отворање рудник за антимон во регионот. „Кога сите светла ќе згаснат и кога нападите ќе престанат, јас повторно ќе бидам тука. За мене, Крива Паланка е единствениот дом. Тука живее мојата фамилија, тука растат моите деца. Имам само една задача – да ја заштитам Крива Паланка. Ова не е туѓ град. Ова е мојот дом и никој не го сака повеќе од мене!“, изјави Митовски.

Порано, СДСМ преку соопштение побара од градоначалникот да го организира референдумот на кој граѓаните би одлучиле дали поддржуваат отворање на рудник за антимон. Партјата укажа на сериозните здравствени ризици што ги носат таквите проекти и потсети на негативните последици од рударските активности, истакнувајќи дека одлуката не смее да се донесува без директно изјаснување на граѓаните.

„Народот на Крива Паланка мора да биде прашан преку референдум. Градоначалникот не може да одлучува сам“, нагласија од СДСМ, додавајќи дека експлоатацијата на антимон претставува закана за здравјето и животната средина. Оваа дебата за рудникот отворила нова политичка пресметка, при што СДСМ упатија низа обвинувања кон Владата, додека Митовски возврати со посветеност на интересите на својот град.