Митровски е најдобриот, а Ников најперспективниот судија во кошарка

На традиционалниот собир што се одржа синоќа, Судиската комисија на кошаркарските судии ги прогласи најдобрите судии за календарската 2025 година.

Наградата за најдобар судија во Скопје му беше доделена на Зоран Митровски, додека Иван Ников ја доби својата прва индивидуална награда за најперспективен судија во својата кариера.

Плакета за животно дело му беше доделена на Марјан Тодоровски, кој од 1977 година активно учествува во македонската кошарка како судија и делегат.

Судиската организација на град Скопје упати посебна благодарност и до Влатко Цветаноски за неговите значајни придонеси во развојот на кошаркарското судење.

Прочитајте и:  Цените во светот би можеле да пораснат за 20% поради кризата во снабдувањето со енергија.