Мицевски: Штом СДСМ и ДУИ инсистираат дека Мицкоски прифатил уставни измени, што не ги стават на гласање?

„Очигледно има какофонија после лидерската и тоа некој намерно го прави. И јас бев дел од прес конференциите на двајцата лидери после лидерската и двајцата констатираа дека нема договор, за потоа да се јават од СДС и ДУИ со неточни и селективни изјави по однос на целата работа“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Мицевски, во дневникот на ТВ „Канал 5“.

Мицевски истакна дека „СДС и ДУИ лажно ја пренесуваат изјавата“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, и ја предизвика власта да ги стави уставните измени на дневен ред, односно на гласање, па да види како ќе поминат.

„Би прашал, како координатор на најголемата пратеничка група во Собранието: Доколку има договор за уставните измени, зошто уште утре не ги внесат? Па да видат како ќе поминат тие уставни измени“, рече Мицевски.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица

Тој уште еднаш категорично го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ – дека никој од нив нема да прифати и да гласа уставни измени под бугарски диктат.

- Реклама -