Мицкоски: Алабаковски да биде ослободен, а власта да ги увиди своите грешки за да не станат таквите постапки масовна појава

Постапката на Ламбе Алабаковски е резултат и реакција на сите погрешни политики на власта во изминативе години, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за притворањето на пејачот кој го запали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Мицкоски притоа потенцираше дека не прифаќа насилство, ниту претходно кога се уништувал државен имот од страна на Шарената револуција, ниту пак сега во случајот со „културниот центар“ во Битола.

Тој ја повика власта „да дозволи“ Алабаковски да помине со укор:

„Мојата порака е до оние кои што пред само неколку години како припадници на една револуција уништуваа државен имот, бојадисуваа државен имот, палеа канцеларија на претседател на држава, да ги ослободат судиите и обвинителите да донесат пресуда согласно правдата: Да го ослободат Ламбе, да помине со укор… иако морам да признаам, ниту тогаш ниту сега насилството не го прифаќам како начин на решавање на проблемите. Но, ова е реакција на сите овие погрешни политики изминатите години и затоа барам слобода за Ламбе, да го ослободат човекот и да се свртат сами кон себе, да ги видат своите грешки за ова да не стане масовна појава во Македонија, бидејќи народот е револтиран правдината да ја земе сам во свои раце“, изјави Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ
- Реклама -