Мицкоски: Дел од актуелното раководство на СДСМ е многу поблиско со Мијалков, отколку Чулев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат ТВ, беше запрашан дали е точно тоа дека актуелниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев е близок со Сашо Мијалков, одговори дека актуелното раководство на СДСМ е многу поблиско со поранешниот директор на УБК.

-„Голем дел од актуелното раководство на СДСМ е многу поблиско со актуелниот господин кој го споменавте откоку било кој член од раковоството на ВМРО-ДПМНЕ. Таа шпекулација е дел од оној лош пи-ар фолклор кој го рефлектира СДСМ во последно време“ – одговори Мицкоски.

За функционирањето на техничката Влада и внатрешната нетрпеливост помеѓу раководителите од власта и опозицијата, Мицкоски вели дека причината за нетрпеливоста е иницирана од СДСМ со систематизација на стотии работни места на четири дена пред примопредавање на кабинетот во МВР.

Повеќе на ФОКУС.

- Реклама -