Мицкоски ги понудил 24 септември, 1 октомври или 8 октомври како датуми за предвремени парламентарни избори

На лидерската средба со премиерот и лидер на СДСМ – Димитар Ковачевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ги понудил 24 септември, 1 октомври или 8 октомври како датуми за предвремени парламентарни избори или широка влада, како и заштитен идентитет и брза интеграција во Европската Унија.

Дали е поверојатно да има избори или широка влада со СДСМ за процесот на уставни измени, Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е „подготвена час поскоро да има избори“.

„Но, за жал, ние немаме 61 човек во Парламентот со што тој би се распуштил“, рече Мицкоски вечерва во интервју за ТВ „Сител“.

Тој повтори дека уставни измени ќе поддржи само ако имаат одложено дејство, односно да стапат во сила кога земјава ќе стане членка на Европската унија. Во спротивен случај, рече, ВМРО-ДПМНЕ „нема намера да поддржи какви било уставни измени кои ќе значат неизвесност во процесот на преговори“.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

МИА

- Реклама -