Мицкоски ја повика дијаспората масовно да се пријави на онлајн апликацијата за пописот

Христијан Мицкоски ја повика дијаспората масовно да се пријави за пописот, иако повтори дека тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признаат резултатите од оваа „политичка операција“, за која и во моментов собираат потписи во обид да биде одложена. Во повикот, упатен преку Фејсбук, Мицкоски вели дека досега собрале повеќе од 100 илјади потписи.

„ВМРО-ДПМНЕ за 24 часа, или по 3 часа дневно, во рок од 8 дена, собра повеќе од 100.000 потписи од граѓани кои се незадоволни од начинот на кој се води операцијата попис. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја води битката против мафијашката власт од внатре низ институциите за одложување на пописот, а во меѓувреме е потребно истата таа операција да ја девалвираме. Затоа, ја повикуваме дијаспората масовно да се пријави на онлајн апликацијата. Доколку мафијашката власт продолжи насилно да се однесува, тогаш при превземањето на институциите истата ќе биде предмет на детална проверка, а ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае овие политички резултати“, порачува Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

- Реклама -