Мицкоски: И јас и сопругата имаме единствено македонски пасош, ниту „браќата и пријателите“ нема да му помогнат на Заев

„И јас и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош“, се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, откако бугарската новинска агенција БГНЕС, со сериозна ментална гимнастика, стигна до заклучок дека Мицкоски е женет за Бугарка.

„И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси“, додава Мицкоски, кого агенцијата го опишува како еден од најзаколнатите противници на сѐ што е Бугарско“.

„Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту ‘браќата и пријателите’ на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана“, додава лидерот на најголемата опозициска партија.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон
- Реклама -