Мицкоски: Македонија – држава во која училиштата се користат за партиско гласање

„Македонија, држава во која училиштата наместо за учење се користат за партиско гласање“, реагира лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, по вчерашните избори за претседател на партијата во СДСМ, кои, според фотографијата што ја посочува тој, се одвивале и во училници како избирачки места.

„Во нормална држава министерката не го чека следниот работен ден, си дава оставка веднаш!“, додава Мицкоски, барајќи одговорност од министерката за образование – Мила Царовска.

„Видовме како СДСМ организира избори, преку брутална злоупотреба на партиските и државни ресурси за партиски цели. Само во нашата држава училниците наместо за учење се користат за партиско гласање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, морбидно е во ден со 25 жртви од корона, СДСМ да се фали со организирани внатрепартиски избори. Тие реагираат и на, според нив, прекршување на мерките против ширење на вирусот, вклучително и на рестрикцијата на движење.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок

„Синоќа за време на полициски час Заев држеше прес, а народот плаќа казни за неносење маска. Следи ли казна за партиските војници на СДСМ кои евидентно синоќа го прекршија полицискиот час?“, прашуваат од опозицијата.

„За граѓаните е поважно што 60 илјади лица останаа без работа за една година, од тоа што толку лица наводно гласале за Ким Ил Заев кој во стилот на севернокорејски владетел беше единствениот кандидат на владејачката партија. СДСМ вчера само глумеше непосредни, демократски избори за избор на лидер на партијата на кои никој од СДСМ не смееше да му се спротивстави на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -