Мицкоски на средба со германската министерка Бербок: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната средба со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија – Анелина Бербок, порачал дека „уставни измени под бугарски диктат нема да има и дека овој пратенички состав нема мандат добиен од граѓаните да учествува во таков процес“.

Како што информира ВМРО-ДПМНЕ, средбата Мицкоски-Бербок се одржала во просториите на германската резиденција во земјава, а присуствувале и потпретседателите на партијата – Александар Николоски, Гордана Кочоска Димитриевска и Тимчо Муцунски, како и членот на ИК Антонијо Милошоски.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да се впушта во таков процес кој го наметнува власта која, пак, на тоа гледа како начин да купи време и да се амнестира за криминалот кој се прави на дневно ниво. Потребни се реални реформи и придвижување на патот кон ЕУ, а не декларативна заложба како што прави власта“, посочил Мицкоски на средбата со Бербок, информираат од партијата.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев
- Реклама -