И Мицкоски не остана покус: „Од прегрнувањата на Заев, Македонија ја боли глава“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, не му ја премолчи на премиерот Зоран Заев забелешката за однесувањето на најголемата опозициска партија околу предлог измените во Законот за лични карти.

Како што изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање, барањето на ВМРО-ДПМНЕ да биде наведена етничката припадност, но под услов да ја нема придавката „Северна“ – е како „сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот“.

Мицкоски со контра-забелешка одговори на Фејсбук:

„Од прегрнувањето на Заев кон Ципрас и Борисов, Македонија ја боли глава!“, му порача тој на премиерот.

Прочитајте и:  Мицкоски до СДСМ: За многу скоро ќе слушнете што се е правено со безбедносните служби и ќе се срамите
- Реклама -