Мицкоски: Нема да водиме црна кампања зашто граѓаните знаат дека полоша влада од оваа немало

Црната кампања е карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Општина Гевгелија во одговор на новинарско прашање дали во пресрет на почеток на изборната кампања очекува фер кампања од власта.

Додаде дека што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските граѓани знаат дека од осамостојувањето, како што рече, земјава немала полоша влада, од оваа на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

-Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптоваруваме со тоа, кој колку бил лош, бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на Македонија немало, рече Мицкоски.

- Реклама -