Мицкоски очекува тешка зима со многу немири: „Ќе биде жестоко“

Сложена есен и тешка зима со многу немири како последица на кризата, очекува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, претстои тежок и предизвикувачки период, а Владата не презема мерки ниту политики со кои би се ублажила состојбата.

„Ќе биде жестоко. Енергетската криза постепено се трансформира во економска и очекувам да има немири. Сега календарски уште сме лето, а сѐ потешко се живее. Ценам дека периодот што следи навистина ќе биде тежок и предизвикувачки, а од владата не гледам некакви мерки или политики со кои би се ублажило сето ова. Очекувам прилично сложена есен и тешка зима со многу немири“, рече Мицкоски, кој денеска го посети Штип.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството
- Реклама -