Мицкоски: Преспанскиот е реалност која не ни се допаѓа и не можеме да не ја почитуваме, но на чија промена работиме

„Преспанскиот договор е реалност која не ни се допаѓа. Но, доколку не се почитува таа реалност во рамките на административното функционирање на институциите, тогаш ќе имаме проблем со други истанци – обвинителство, судство. Дали ќе работиме таа реалност, еден ден кога ќе имаме можност, да се промени? Јас ви кажувам да, работиме“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Ние функционираме во оваа реалност. Оваа партија има пратеници во рамките на Собранието, потпишале изјава тие пратеници со новата изјава. Кој ја донесе таа нова реалност? Зоран Заев ја донесе и ние сме се произнеле по таа реалност многу пати во минатото. Еве, како што велите и вие, дел од градоначалниците коишто се избрани од коалицијата ‘За обнова на Македонија’ и се дел од ВМРО-ДПМНЕ се произнесуваа. Дали таа реалност ни се допаѓа? Не, не ни се допаѓа, еве ќе ви кажам дека не ни се допаѓа. Но, доколку не се почитува таа реалност во рамките на административното функционирање на тие институции тогаш ќе имаме проблем со други истанци – обвинителство, судство итн. Дали ќе работиме таа реалност еден ден кога ќе имаме можност да се промени? Јас ви кажувам да, работиме. Но, во моментот таа е реалноста во која што функционираме сите ние како жители во Македонија и таа реалност е таква болна, понижувачка за сите нас коишто ја чувствуваме Македонија и само Македонија како наша татковина“, рече на денешната прес-конференција Мицкоски, на новинарско прашање дали ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе го почитува Преспанскиот договор.

Прочитајте и:  Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Тој додава дека кога се носеа и потпишуваа тие договори беа ветувани многу работи – реформи, дека подобар живот, европско образование, кои вели, не се остварија и затоа се потребни брзи предвремени парламентарни избори и со тоа да може да дојде влада која ќе има легитимитет од народот и која сериозно ќе работа на спроведување проекти за подобар живот на граѓаните.

МИА

- Реклама -