Мицкоски пристигна во Собранието, за Кастриот Реџепи рече дека е современиот Амди Бајрам

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, пристигна во Собранието каде денеска почна седницата на чиј дневен ред е гласањето недоверба на Владата. Рече дека до сега бил на часови на факултет и дека сега на лице место дознава што се случува.

Тој пред медиумите не сакаше да коментира околу новонастанатата ситуација во законодавниот дом, каде седницата за недоверба на Владата не може официјално да биде отворена и да биде изгласан дневниот ред поради немање кворум, откако Кастриот Реџепи од Беса соопшти дека нема да учествува на собраниската седница. Без него и без пратениците од ДУИ и СДСМ, кои не присуствуваа(т) во салата, опозицијата има вкупно 60 пратеници, вклучувајќи ги останатите двајца од Беса.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Прашан од ТВ21 дали ќе се најде „замена“ за Кастриот Реџепи, Мицкоски, со иронична насмевка, само кратко одговори: „За современиот, нека му е лесна земја, Амди Бајрам?“, по што влезе во зградата на Собранието. Видео ТУКА.

- Реклама -