Мицкоски: Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за предлогот за референдумско изјаснување

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе расправа и ќе се произнесе по повеќе точки, меѓу кои и за предлогот за референдумско изјаснување и за актуелната политичко-економска состојба во државата, информира претседателот на партијата – Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на Општина Аеродром.

„Денеска имаме седница на Извршниот комитет од деветнаесет часот, утре е Централниот комитет. Ќе разговараме за актуелните случувања. Исто така би сакал Извршниот комитет да се произнесе и за палењето на возилото на пратеникот во Прилеп. Прилеп овие денови е како Бејрут во најлошите времиња. Денеска повторно ново возило е запалено, односно во текот на ноќта“, изјави Мицкоски.

Во однос на референдумот, рече дека ќе се разговара за тоа кога би го почнале, како би го почнале и на што би се насочиле.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

„Да слушнеме што мислат членовите на Извршниот комитет на партијата“, рече Мицкоски.

Како државотворна политичка партија, додаде тој, треба да излеземе со наша позиција по неколку отворени прашања.

- Реклама -