Мицкоски: Во овој парламентарен состав и под овие услови уставни измени нема да има

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска уште еднаш повтори дека во овој парламентарен состав и под овие услови, уставни измени нема да има.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Сојузот на стопански комори (ССК), Мицкоски рече дека за него тоа е затворена тема.

„Тоа за мене е затворена тема. Многу пати сум го кажал мојот став, ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во овој парламентарен состав, под овие услови, под бугарски диктат, уставни измени ќе нема“, истакна Мицкоски.

МИА

Прочитајте и:  Мицкоски: Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој од обвинителите и судиите добива дијареја, покачена температура или анксиозност
- Реклама -