Мицкоски за Пендаровски: „Не само што бекна, туку и потпиша сѐ што му нареди стопанот“

„Еве го бекна, ама не само што бекна туку и потпиша сѐ што му нареди стопанот. Сакаше да биде сатиричен, а испадна смешен“, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски за претседателот на државата Стево Пендаровски, откако претходно го повика „да бекне“ и да не ги потпишува законите излагасани денеска со помош на пратениците кои гласаа во скафандери, на што Пендаровски му врати дека требало тој „да бекне“ за актуелизираните идеи за промена на границите на Балканот.

Мицкоски, пак, вели дека не само што „бекнал“, туку и „грмел“.

„Претседателе Пендаровски, погледајте го моето последно интервју дадено во петокот и ќе слушнете грмење а не бекање за националните теми, меѓу која и таа измислената што ја споменувате да го исперете криминалот, корупцијата и срамот на стопанот. Грмење за тоа што ја доведовте Македонија во подредена положба заедно со стопанот.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Што се однесува до времињата кога една партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија можам да Ви кажам добредојдовте во 2021 година, или да бидам попрецизен, денес не партијата на власт туку вашиот стопан е полицаец, обвинител и судија. Следниот пат наместо да плачете на медиуми зошто сме лидери според корупција, криминал во Европа, додека балкански нарко босови шетаат со македонски пасоши и марихуана е главен бизнис во државата, БЕКНЕТЕ нешто, зошто ни ја снемува државата. И да…, одговорност ќе има, порано или подоцна, јас Ви ветувам!

ПС: Добро е што барем законите за помошта на граѓаните и стопанството ги потпиша, а не само тие од 32 седница!“, му порача Мицкоски на шефот на државата.

- Реклама -