Мицкоски: Заев е мафијаш, тоа што ја искористи мојата изолација не го спасува од пад на владата

„Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието“, пишува на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, откако премиерот Зоран Заев денеска ја побара и доби довербата во Владата, од 62 пратеници.

Мицкоски, сепак, смирува. На граѓаните им порачува да бидат спокојни и дека најдоброто за нашата земја допрва доаѓа, најавувајќи пад на власта на Заев.

„Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата, никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок

Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза, тие денови ќе поминат. А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро!“, порача Мицкоски.

- Реклама -