Мицкоски до Заев и Филипче: Во Македонија дневно умираат повеќе луѓе отколку во Втората светска војна, дајте си оставка

Заев и Филипче „да ги баталат дневнополитичките мешетарења зашто луѓе им умираат затоа што нема слободни кревети“ – повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На премиерот и министерот за здравство тој им порача да излезат „надвор од стаклената кутија која сами ја создаваат“, да го слушнат плачот на народот и да прекинат со прес-конференции, а наместо тоа да започнат да ги решаваат проблемите. Според Мицкоски, тие се одговорни за тоа што дневно од коронавирусот во Македонија умираат повеќе луѓе отколку во Втората светска војна:

„Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно“, пишува Мицкоски, па повикува на оставка:

Прочитајте и:  Мицкоски: Ахмети и ДУИ стануваат фактор на нестабилност на дневна основа, но Албанците се свесни што правеа додека беа на власт

„Па имате ли совест, знаете ли што ѝ правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат“, оценува лидерот на најголемата опозициска партија.

- Реклама -