„МКД.мк“: Покрај тенковите, Македонија на Украина ѝ ги подарила и „сухоите“

Фото: Фејсбук / Македонска одбрана

Четирите воени авиони Сухој „СУ-25“ што Македонија ги купи од Украина за време на конфликтот во 2001 година за 4 милиони евра, деновиве ѝ се донирани на Украина, дознава и објави порталот „МКД.мк“.

Од порталот се обратиле до Министерството за одбрана, од каде во одговорот ниту конкретно демантираат, ниту конкретно ја потврдуваат информацијата. Сепак, одговорот на МО алудира дека „сухоите“, кои Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година, навистина ѝ се дадени на Украина.

„Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени“, одговориле од Министерството за одбрана за „МКД.мк“.

Во одговорот, исто така, се потенцира и дека „со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија“. Повеќе прочитајте ТУКА.

Прочитајте и:  Дефектни гранатите за минофрлачи произведени во Украина, украинското МО ги истражува причините
- Реклама -