Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на Грантот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.
Томе Трајков-координатор на проектот ги наведе следните активности како дел од проектот:
· Ќе биде објавен јавен повик за ученици – стрип таленти коишто треба да изготват
стрипови на тема а) прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници, нагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликите, како и на тема б) фантастични или научно-фантастични светови каде што се спојуваат ликовите од различно културно потекло, формирајќи сојузи и пријателства кои ги надминуваат измислените културни поделби.
Овој повик е веќе испратен до сите училишта во државата и трае до 30 март 2024 година.
· Потоа ќе биде организирана четиридневна едукативна стрип-работилница со избрани
12 млади таленти од различни етнички и географски средини кои заедно со програмскиот координатор и едукаторот треба да ги доработат и усовршат своите стрипови
· публикување на соодветен каталог каде ќе бидат објавени стриповите, а ќе бидат
претставени и младите автори.
· На крај , ќе биде направена и тематска ФБ група, а ќе се организираат и пет изложби во
различни етнички и географски средини од државата.
Планирано е проектот да заврши во месец јуни 2024 г