Младолика на 55 години: Сите мислат дека користам ботокс

Актерката Маделин Стоуи неодамна се врати на малите екрани со улогата на Викторија Грејсон во хит серијата „Revenge“.

Иако беше голема ѕвезда во 90-тите, 55 годишната Меделин Стоуи се повлече од светот на познатите и славните. Сега повоторно е во центарот на вниманието, а освен по одличната глума пофалби добива и поради добриот изглед.

600full-madeleine-stowe

Во интервју за „New Beauty“ открила дека на сите мора да им кажува и да ги убедува дека никогаш не користела ботокс и дека за нејзиниот младешки изглед е виновна мајка и.

Madeleine_Stowe_PF-2012-Revenge_Vettri.Net-01

„Мајка ми постојано ми велеше: тргни се од сонцето и престани да го брчкаш челото. Секој пат кога го правев тоа, таа ме караше. Поради тоа сите мислат дека користам ботокс и морам да им кажувам дека тоа не е вистина. Целиот концепт на „стареењето со достоинство“ ми е е многу интересен. Кога наполнив 50 години одеднаш имав чувство на слобода, некако порано се ме нервираше, сега тоа ми е сосема неважно“, изјавила актерката.

M

Додала дека ужива во животот далеку од очите на Холивуд, а за добрата линија заслужна е среќата и вежбањето. Но, истакнува дека не претерува со вежбање.

Стоуи е позната и по долгиот брак – од 1982 година е во брак со актерот Брајан Бенбен, познат по улогата во серијата „Private Practice“. Тие ја имаат ќерката Меј Теодора, а живеат на ранч во Тексас.

Madeleine+Stowe+Family+Out+Lunch+Brentwood+o82XtrqkDYxl

- Реклама -