Фејсбук статус на „Пост Вистина“ – Фејсбук профил кој комбинира сатира и фикција со реални луѓе и настани
„Многумина, да не речам повеќето не знаат за моето минато. Далечната 85та, лето на Широк Сокак. Јас на свои 14 години бев првата што го донесе брејкденсот во Битола, а можам и слободно да кажам и во Македонија. Се почна кога братучед ми Стив се врати со неговите од Америка. Тој беше 4 години постар од мене и беше значително навлезен во музиката. Паметам дека тоа лето ги донесе Run – D.M.C и King of Rock како и синглица The Message од Grandmaster Flash and the Furious Five. Gamechanger.
И едноставно ритамот ме фати и решив да играм. Немаше ден да не брејкаме на Широк Сокак. Направиве и брејкденс банда, екипа. Бевме јас, Лајнаро, Оризо, Мутавио и Токмако. Подоцна ни се придужија и неколку млади Роми од Баир, но беа класа над нас. Играв можеби 10 години, се додека не излезе The World of Music Instructor. По тоа, се осетив стара, музиката ми изгуби драж. Имаше други работи за правење.
Вчера, вчера беше прекрасен ден. Не знам што ми стана, па решив да удрам некој потег. Да се присетам на тоа лето 1985та, на една безгрижна младост…“ – Наташа Петровска, градоначлник на Битола, социјалдемократ, мајка, жена која го донесе брејденсот во Македонија, freestyle break шампион на брејкденс купот во Oптичари во 1987, 1988 и 1991.
PS. Ако уште не сте го направиле тоа, најсрдечно ви препорачуваме да го заследите профилов. Дино Мерлин, Камчев, Бујар Османи, имамот Сулејман Реџепи, па и Макрон, се само дел од видните личности чии (фиктивни) приказни ќе ги прочитате овде.