МНР: Задржувањето на евроатлантскиот курс е основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјава

Македонското Министерство за надворешни работи утрово соопшти дека ја потврдува „цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби и на сите меѓународно преземени обврски“, конкретно посочувајќи на Преспанскиот договор.

Во реакцијата, која следи по инаугурацијата на претседателката на државата – Гордана Сиљановска-Давкова и употребата на називот „Македонија“ наместо „Северна Македонија“, МНР  повикува на внимателност од страна на политичките чинители и, како што наведува, особено од избраните државни функционери.

„Изминативе седум години двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето. Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на стратешкото партнерство во стратешки дијалог со САД. Повикуваме на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери. Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата“, нагласува МНР.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО
- Реклама -