Во просториите на македонскиот импортер за програмата на германскиот премиум производител Мercedes, Мак АутоСтар, присуствувавме на невообичаен настан, на 60 годишен роденден на еден редок олдтајмер од 1953 година, сопственост на Трајко Базерко.
Навистина невообичаен јубилеј, особено кога станува збор за автомобил чии тркала минале низ шест децении историја, со многу приказни и доживувања, особено што е врзано за нашето најблиско опкружување. Станува збор за возило Mercedes, модел познат како 170 DS произведен далечната 1953-та година, последна серија чие производство почнало уште пред Втората Светка Војна, односно 1936-та година. Карактеристично за овој модел е што е прво повоено патничко возило со дизел мотор во светот, со зафатнина од 1.8 литри и 40-тина коњи.
– Возилото во далечната 1953 година пристигнало во Македонија, за потребите на тогашното Собрание на Македонија. Овој Mercedes 170 DS бил наменет за тогашните највисоки државни функционери. Пред точно 35 години го купив јас и нема да верувате, толку време со посебен тим кој за него се грижи како за мало дете, постојано нешто додаваме преуредуваме се со цел да не загуби од својата автентичност, истакна неговиот сопственик Трајко Базерко, кој важи за голем вљубеник во автомобилите.- Успеавме да го вратиме возилото во првобитниот изглед и посебно сме горди за се што досега сме направиле! Изледа повеќе од добро по изминати сигурно над милион километри.
Од Трајко Базерко се слушнаа многу приказни, анегдоти и доживувања кои ги имале со него во изминатите скоро четири децении. На крајот сите дадоа ветување дека со задоволство ќе се соберат повторно на уште некој ваков јубилеј.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус