Модерни на работа: Панталони, здолниншта и детали за оваа пролет

Светските дизајнери предлагаат неколку стилови – на вас е да го изберете оној кој најмногу ви одговара.
Доколку сакате оваа пролет да бидете во тренд, кога станува збор за работната гардероба, светските дизајнери предлагаат неколку стилови. За дамите кои преферираат сериозен изглед, Луј Витон ги предлага следните комбинации: кремасто сако и панталони во иста боја, додека ефектниот контраст би го постигнале со помош на црна ролка. Ако пак, не сакате да носите ролки, можете да ги замените со маица или кошула.

За да ја разбиете монотонијата, впечатливите аксесоари се секогаш полн погодок. Оваа модна куќа е препознатлива по шарените чанти.

1

Доколку не сакате да носите сако, наместо него добар избор би бил џемпер. Бела маица под кафеав џемпер отвора многу комбинации, а тука се и сивите панталони со рамен крој.

Доколку повеќе сакате опуштен стил, со еднобојни панталони облечете шарена кошула. На пролет разнобојниот принт е добар избор што гарантира ефектен изглед, како оној што го претстави Армани на неодамнешната недела на модата во Париз.

2

За дамите кои повеќе сакаат да носат здолништа и фустани, вистински избор е препораката на Дајана фон Фирстенберг. Креаторката која се прослави во 70-ите со фустан на преклоп, си остана верна на својот стил во нејзините колекции .

За смелите бизнис жени одлична комбинација е шарениот фустан со џемпер што се врзува напред, а во текот на пролетните денови, облечете се во шарен фустан до колениците кој се закопчува до грлото. Сигурно нема да поминете незабележано. Важно е само да обрнете внимание на должината на здолништето.

3

 

- Реклама -