Модерните хотелски трендови

Модерните хотели итро се адаптираат на брзите социјални промени, со најразлични креативни решенија. Следуваат неколку очигледно брзорастечки трендови на угостителската сцена.

Мултинаменски лобија
Се повеќе хотели се фокусираат на тоа да остават изненадувачки прв впечаток кај своите клиенти. Се зголемува бројот на влезните лобија, бидејќи друштвените средби битно зависат особено од овие хотелски простории.Со новите трендови, лобијата треба да обезбедат мултинаменски услови за секојдневен, но и формален престој, работење на лаптоп, приклучоци за различни технолошки направи. Креативната сегрегација на просторот е неопходна, обезбедувајќи и интимни и друштвени зони, како и поекстравагантни елементи, како внатрешни водопади, големи лустери и мултимедијални станици.

Interior-Design-of-Five-Star-Hotel-Lobby
Редизајн на гостинските соби
Класичниот пакет – кревет, маса, плакар, не е веќе доволно удобен за клиентите. Во денешниот свет, гостите очекуваат изненадувања и нови нешта, особено кога не се дома. Веројатно затоа секој апартман во модерното угостителство е различен од претходниот. Креативни канцеларии за бизнисмени, интересни ТВ панели и екстра кревет покрај брачниот, се само дел од состојките на модерна хотелска соба.

luxury-modern-hotel-room-interior-design-ideasБањи како спа-центри
На бањите веќе не се гледа како споредни простории од кои треба да се скрати простор, за да има повеќе за дневниот престој. Модерните туристи очекуваат повеќе од она што имаат дома. Ресорт бањите, со спа особености, се сигурен метод за привлекување гости. Водопад-тушеви, широки кади, посебни лавабоа за двојките, големи крпи, декорациони предмети и многу простор – тоа подразбира денешната хотелска бања.

luxury-hotel-bathroom-bahrain-from-gulf
Не само ресторан, туку дестинација што мора де се види
Мал број ресторани остануваат фокусирани на функционалноста. Готвењето е уметност, па таков треба да биде и просторот за „изложба“. Се повеќе хотелски ресторани, преку внатрешен дизајн, преоѓаат во настани за паметење. Поместувајќи ги границите на креативноста, рестораните стануваа дестинации што мора да се посетат.

resort-restaurant
Нејасни граници внатре-надвор
Сетилните впечатоци се сериозна работа. Така, не само што хотелските соби експандираат кон поголеми тераси и балконски врати и прозори, туку се прави секаков обид да се донесе што повеќе природа – во собите. Дрвени панели, камени декорации, зеленило, мини-водопади и фонтани; сето тоа е само дел од чекорите што се преземаат за максимална релаксација на гостите.

Kens1st
Да се биде „зелен“
Одржливоста е деликатен проблем за сопствениците, па тие прават се за да ги минимизираат краткорочните трошоци. Преголемите прозорци за природно светло, природни градежни материјали, „зелени“ ѕидови и „зелени“ покриви, канти за рециклирање, електронски чешми за заштеда на вода, локално произведена храна и рециклирање на отпадните води, се предизвик за да се остане „зелен“.

green-wall-hotel
Фокус на локалната естетика и уметност
Модерната архитектура се повеќе се одалечува од локалните потекла. Гледаме куќи што не ни кажуваат ништо за нивната локација. Ова престанува да биде случај кај хотелите. Се повеќе хотелски сопственици додаваат елементи од локалната уметност во нивните дизајнерски шеми, со цел да ја подобрат перцепцијата на клиентите за местото и да им понудат уникатни искуства. Од мали скулптури, до огромни инсталации, арт проектите можат да бидат вистински пат за хотелиерскиот успех.„Тантало Хотел“, на сликата, е добар пример за ова.

Tantalo-Hotel
Заситеност со технологија
Не секој бара хај-тек сместување надвор од домот. Напротив, луѓето се стремат да се одалечат од технологијата за време на нивниот одмор. Но хотелите се стремат по секоја цена да ги одржат гостите „во мрежата“, што е добра одлука кога се работи за бизнис-туризам. Новите хотели нудат можности за регулација на светло, клима и затемнување на прозорите, сето тоа преку смартфон, што се покажува како добра бизнис одлука.

hi-tech-hotel
Помалку напорни декорации, повеќе боја и финеси
На одмор, клиентите сакаат да ги одморат сетилата. Затоа хотелските соби се одалечуваат од визуелно-напорните шеми и се фокусираат на финесите. Ако им дадете на гостите нешто во кое ќе се чувствуваат удобно, до степен да се изгубат во него, тие веројатно ќе сакаат да го повторат тоа искуство. Неколку светли бои и смирувачка атмосфера е сигурен рецепт.

chalet
Персонализирани простори
Меморијата за престојот останува долго кај гостите, особено ако искуството е уникатно. Тематските простории и соби имаат голем импакт, уште поголем ако клиентите можат да го доживеат само еднаш.

james-bond
Како дома
Најважно од се, собите треба да овозможат комфорт, чувство да се биде како дома. Дрвени додатоци, инспирирачки декоративни теми, теписи, завеси, камин, телевизор, како и можност да ја слушате омилената музика – сето ова е помеѓу врвните приоритети кон престој за паметење.home-away-from-home

- Реклама -