Мојс ги игнорирал советите на Ферги

Поранешниот тренер на голманите на Манчестер Јунајтед, Ерик Стил открива дека Дејвид Мојс го одбил советот на Сер Алекс Фергусон да го задржи неговиот тренерски персонал.

Откако беше соопштено дека Дејвид Мојс ќе го наследи Сер Алекс Фергусон, на барање на 50 годишниот стратег од клубот си заминаа асистент менаџерот Мајк Фелан, тренерот на првиот тим, Рене Муленстен и тренерот на голманите, Ерик Стил.

Мојс одлучи со себе на Олд Трафорд да ги донесе Крис Вудс, Стив Раунд и Џими Ламсден со кого соработуваше во Евертон, а дел од неговиот тренерски персонал стана и поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Фил Невил.

Шкотот не ја започна најдобро авантурата во Манчестер Јунајтед, шампионот на Англија игра лошо и освои само 7 бода од воведните шест кола.

Притисокот врз Дејвид Мојс полека расте, а поранешниот тренер на голманите на Манчестер Јунајтед, Ерик Стил сега открива дека Дејвид Мојс го одбил советот на Сер Алекс Фергусон да го задржи неговиот тренерски персонал.

Зборувајќи за фанзинот United We Stand, Стил рече: „Тој (Мојс) разговараше со мене, Мајк и Рене. Му кажав дека неговата одлука е храбра”.

„Тој слушна што има да каже менаџерот, но сакаше да биде свој човек”.

„Не сакав да заминам, зошто би сакал да заминам? Знаев дека Дејвид ќе пристигне и се прашував кого ќе донесе”.

Прочитајте и:  Фудбалерите на Јунајтед бараат Ван Нистелрој да остане

„Менаџерот му кажа, ’Задржи ги оние што ги имаме, задржи го континуитетот, работи со нив и тие ќе ти го покажат патот. Превземаш огромна машинерија тука. Се префрлаш од Маркс&Спенсер на Хародс’”.

„Од друга страна е гледната точка на Дејвид, и го разбирам. Го познавам професионално. Ја знам неговата работна етика, неговиот пристап”.

„Не го обвинувам за потезите што ги направи. Доволно долго сум во фудбалот за да знам како функционираат работите”.

„Но сето тоа е иронично, нели? Бевте дел од тим што имаше одлична сезона и ја освои Премиер лигата. Давид Де Геа ја имаше најдобрата сезона. Дали има смисла тоа што нема да можете да продолжите со добрата работа? За жал, тоа не зависеше од мене”.

Во моментов, ’Црвените Ѓаволи’ се на 12. позиција на табелата, но Стил верува дека наскоро избраниците на Мојс ќе почнат да бележат подобри резултати.

„Имаше огромни промени. Си замина менаџерот, извршниот директор, Сколс се пензионираше а се промени и тренерскиот персонал”.

„Но во составот има доволно квалитетни фудбалери за да се победи кога е тоа потребно”.

„Горд сум од она што го направив во Манчестер Јунајтед и имам одлични спомени од времето поминато на Олд Трафорд”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -