Моќна коприва: Пролетна кралица на здравјето која жари и пали

Копривата ја нарекуваат „селанка меѓу дивите билки“ и тоа совршено ја опишува.
Наизглед неугледна, всушност е неизмерно вредна и една од најкорисните лековити билки. Нејзините прехрамбени благодети во последните години повторно се повеќе се откриваат, а стануваат уште подраги кога знаете дека можете да ја набавите и сосема бесплатно, доколку ја наберете самите. Цвета од пролет до есен и е одличен додаток за тестенини.

Во кое јадење и да ја подготвувате, копривате не е потребно да ја варите, туку е доволно да ја проварите најдолго две минути. Така максимално ќе ги зачувате нејзините хранливи состојки, а постојат бројни причини поради кои што е добро да јадете коприва.

Stinging-Nettle-Pie_031

Набројуваме дел од нив: ја подобрува работата на дигестивниот систем, врши детоксикација на телото, одлична е за чистење на крвта и бубрезите, има позитивен ефект на панкреасот и помага кон намалувањето на крвниот шеќер, инфекција на уринарниот тракт и ги стимулира цревата и затоа дејствува како диуретик, таа содржи витамини Ц и А, калциум, калиум, железо, фосфор и други минерали и витамини.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Чајот од коприва се користи за болести на црниот дроб и жолчката, пореметување на сонот, грчеви во стомакот, чиреви, болести на белите дробови итн.

Доколку се одлучите самите да ја берете оваа магична состојка, немојте да ја барате крај улица или на други места на кои што постои опасност од загадување, а воедно задолжително носете и ракавици.

Исто така, без оглед на лековитите својства, копривата не се консумира свежа, бидејќи тогаш може да предизвика проблеми со дигестивниот систем и црвенило на кожата.

Коприва воглавно расте на пролет и тогаш е најдобра за консумирање, но може да се одгледува во текот на годината, ако е редовно косена. Поточно, кога копривата добива цвет не е за јадење.

Бонус: Рецепт за супа од коприва

Состојки за четири лица:

300 грама коприва
5 компири со средна големина
неколку капки маслиново масло

Постапка:

1. Компирите исечете ги на четвртини и ставете ги за варење.

2. Пред крајот на варењето додадете коприва.

3. Додадете маслиново масло и добро иситнете ги состојките.

61065460

- Реклама -