Ако видите некој во канцеларија како брише солзи пред мониторот, можно е да го гледа видеово.
Данската ТВ мрежа TV2 објави 3-минутна реклама со наслов „Сè што имаме заедничко“ и веќе растура на YouTube.
Во видеото, луѓе стојат во буквални „квадратчиња“ (како за штиклирање), а во фигуративни „кутии“, сортирани во групи базирани врз тоа што ги прави различни. Како што одговараат серија од прашања, „коцките“ веќе не „работат“ како што треба, а луѓево сфаќаат дека не се толку меѓусебно различни како што на прв поглед изгледа или како што првично мислеле.
Пораката е јасна, а во време на сепарација и страв од другиот е порелевантна од било кога.