Моментот кога треба да го избегнете пазарувањето на намирници

Ако се грижите за количината на храна и хранливите вредности кои ги внесувате, пазарувањето е чин на кој треба да обрнете внимание.

Можеби веќе сте слушнале дека треба да ги избегнувате супермаркетите на празен стомак. Теоријата е дека, што погладни сте, толку се поголеми шансите да купите повеќе храна со повисоки суми на килоџули.

Сега научниците предупредуваат дека има уште неколку „расположенија“ кога треба да ги избегнувате полиците полни со продукти.

o-TIRED-GROCERY-SHOP-facebook

Избегнувајте да пазарите ако сте спиеле лошо претходната ноќ. Во таква ситуација, поверојатно е да купите повеќе масна храна, дури и ако сте го примениле погорниот совет и сте јаделе претходно.

Научниците во Шведска побарале од 14 здрави мажи да поминат една ноќ спиејќи нормално и уште една без воопшто да спијат. Утрото, по секоја ноќ, им биле поделени списоци со намирници и ограничена сума на пари шсо која требало да купат што можат од наведеното. Пред секое пазарување, на испитаниците им бил даден обилен појадок.

По непроспиената ноќ, тестираните мажи купиле 18 проценти поголема количина храна со 9 проценти повеќе калории.

Истражувачкиот тим предупредува дека недостатокот на сон е совршениот рецепт за прекумерна тежина, бидејќи ја редуцира активноста во префронталниот кортекс на мозокот, кој пак, раководи со рационалните одлуки.

- Реклама -