Moнако – луксуз и одмор за паметење

Монако е една од најлуксузните дестинации за одмор. Тука живеат и околу 2.000 милионери . Стандардот на живот е одличен , а за најбогатите има рајски забави. На крајот на 19 век градот – држава започнува забрзан економски развој . Во тој период ги отвора  вратите и првото казино – The Monte Carlo Casino , а изградена е и железничка врска со Париз . Освен со најубавите глетки и топлата  клима , Монако ги привлекува богатите со тоа што нема даноци. Што значи да поминете еден  луксузен одмор во Монако ? Погледнете 🙂

Изнајмувaње  скапи хотели (9 642 – 15 250 долари )

Двата луксузни хотели се Hotel De Paris и Hotel Hermitage . Во првиот има два ВИП апартмани – Charles Garnier и Winston Churchill Diamond . Нивните цени се соодветно 9 642 и 15 250 долари на вечер .

Апартманот  Charles Garnier

Има површина од 170 квадратни метри , а терасата е 40 квадратни метри. Тој има две огромни спални и две купатила , обложени со мермер .

Апартман   Winston Churchill

Овде престојуваат едни од највлијателните политичари во светот , кога се во Монако .

Хотелот   Hermitage

Овде ВИП стан ќе ве чини 10 250 долари на вечер . Просторот е 204 квадратни метри , има 2 спални, соба за менување на облека , 2 тераси со прекрасен поглед кон морето. Дијамантскиот  стан има површина од 361 квадратен метат. Во него има 3 спални , 3 купатила ,  соба за деца. Една од најпопуларните забава за богатите е прошетката со јахта . Кои опции ги имате видете во продолжение.

Изнајмување на луксузна јахта ( 160 575 – 750 000 долари неделно )

Во Монако има многу компании кои даваат луксузни јахти за изнајмување. Погледнете ги овие  два добри предлози – јахтите Devocean и Titania .

Devocean е најевтина и  вреди „ само ” 160 575 долари неделно .

 

За Titania цената е 750 000 долари неделно .

И двете цени се со вклучен екипаж.

Devocean има екипаж од 8 луѓе . Има 5 кабини и 7 бањи. Удобно можат да се сместат 10 луѓе . Плови до Француската и италијанската ривиера , Корзика и Неапол.

Titania е долга 72 метри. Постојат 7 кабини ( 2 големи и 5 помали за гости ) . На одборот има сауна , бар , кино , џакузи на главната палуба .

Коцкање и ноќен живот

Тука има различни забави – ​​во казината, на плажа, во јахтите. Jimmy’z е еден од најдобрите ноќни клубови во Монако. Познат е со јапонската градина, од каде има прекрасни глетки кон Монте Карло.

 

Друг елитен клуб е Zelos. И во двата веројатно ќе се судрите со многу познати личности.

 

- Реклама -